Жените на Мирот работат за да ја зајакнат улогата на жената како градители на мирот кои ќе бидат повидливи, препознатливи и подржани на глобално ниво. Со проектот 1000 Жени за Нобелова Награда за Мир се обидувавме да се слуша нашиот глас во јавноста, тивко но силно да се сфати мирот како основа за човековата безбедност и да се заштити ликот и гласот на жените на мирот. Патувачката изложба беше една од најефикасните алатки за постигнување на овие цели. Целта на изложбата е да се дадат информации за постоењето и важноста на миротворната работа на жените. Целна група се сите луѓе во светот: ученици, студенти, мажи и жени, политичари, организации и сите кои можат да дојдат и ја видат нашата изложба.
Раководител: Проф. д-р Mирјана Најчевска
Координатор: Љуан Имери
Швајцарска амбасада во Скопје