Се спроведе мини попис на децата кои не се регистрирани или кои немаат извод од матичната евиденција. Направените бази на податоци ќе бидат достапни за Министерствата за правда, труд и социјална политика и локална самоуправа, за општините и за невладините организации. Овие податоци треба да послужат за поставување на проблемот на дневен ред во релевантните институции и започнување постапки за регистрација на нерегистрираните деца. Беа инволвирани дваесетина невладини организации кои веќе работат на оваа проблематика на терен и кои имаат соодветни податоци, односно капацитети за учество во изведувањето на пописот во наведените општини.
Раководител: Проф. д-р Mирјана Најчевска
Координатор: Љуан Имери
Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје