Центарот за човекови права и разрешување конфликти
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 1/2012
за вработување на асистент за работно место:
Координатор за мониторинг и евалуација на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (www.pmio.mk). Описот на задолженијата на координаторот и условите за конкурирање се дадени во описот на работното место ( job description, опис на работното место, përshkrimi i vendit të punës ).
Заедно со пријавата, кандидатите треба да достават и:
- детално CV, со контакт информации на лицата што можат да ги потврдат наведените ангажмани
- доказ за завршено високо образование (уверение и копија од дипломата)
- доказ за знаењата и искуствата што се бараат во описот на работното место
- препорака од последниот работодавач/претпоставен
Огласот е отворен до 12 часот на 23. мај 2012, до кога се примаат комплетираните пријави (пристигнати по пошта или врачени на рака). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Заинтересираните кандидати пријавите можат да ги достават лично или по пошта на адреса Бул. Партизански Одреди бб, п.фах.39 1020 Карпош.
Центарот го задржува правото да ги повика пријавените кандидати на интервју, доколку го смета тоа за потребно.
За подетални информации може да се јавите во Центарот на телефон + 389 2 3065 953
или на + 389 71 34 11 07(контакт лице Љуан Имери).
Резултатот од спроведениот избор ќе биде објавен на веб страна на Центарот, во рок од една недела по затварањето на огласот.
CHRCR - Центар за човекови права и разрешување конфликти
Центарот за Човекови права и Разрешување Конфликти е организација која примарно се бави со истражувања и едукација, базирани на следниве основни цели:
- Да им помогне на граѓаните на Република Македонија да заземат активна улога во разрешувањето на навидум нерешливите конфликти, вкоренети во етничките и други разлики; и
- Промовирање на концептот на човековите права и базичните слободи, како суштински дел од политичката, судската и општествената трансформација која се одвива во државата.
Постигнивањето на основните цели, е базирано на превземање на различни активности во рамките на трите клучни области:
Човекови права, насочени кон:
- Дисеминација на знаења од областа на човековите права и слободи - преку подигање на свеста за своите и туѓите права и создавање на услови за активна заштита на своите и туѓите права, со примена на демократските механизми и владеењето на правото;
- Развој и адаптирање на концептот, со цел да се имплементира на што е можно пошироко ниво во македонската реалност; и
- Трансформирање на постоечкото разбирање за човековите права - од нивно согледување како примарно колективни, до нивно прифаќање како базично индивидуални.
Разрешување на конфликти, насочено кон:
- Промена на пристапот на луѓето кон конфликтите - од гледање на конфликтот како на перманентна деструктивна битка меѓу инкопатибибилни интереси, до негово согледување како можност за заеднички развој и подобрување на односите, кои покрај интереси, содржат и потреби, чувства и вредности; и
- Воведување на техники за конструктивно и мирољубиво разрешување на интерперсоналните и интергрупните конфликти, засновано на културна модификација на постоечките модели на заедничко преговарање и медијација.
Интеретнички односи, насочени кон:
- Развивање на почитувањето на културните/етничките разлики - од нивно предвидување како извор на конкуренција, која неизбежно создава тензии помеѓу различните етнички групи, до нивно прифаќање како потенцијален извор за заеднички развој; и
- Поттикнување и спроведување на интегративниот процес на живеење во мултикултурно општество, каде „мултикултурно“ би имало значење на „интеркултурно“ - различни култури кои живеат заедно во рамките на една територија, притоа одржувајќи отворени односи на меѓусебно признавање, интеракција и меѓузависност.
Активностите на Центарот се концентрирани на шест поголеми области:
- Развивање на едукативни програми;
- Спроведување на обука за едукатори и други учесници;
- Организирање и помагање на дијалози и тркалезни маси;
- Дизајнирање и спроведување на истражувачки проекти;
- Пишување и објавување на книги, прирачници, брошури, статии;
- Давање консултации и експертиза на локални и меѓународни организации.